Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани, едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани, едно лице загина

Кочани, 21 јуни 2019 (/) – Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18:15 часот во близина на Кочани најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени.

Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата околу Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се превретела во нива покрај патот.  Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.

Поради несреќата обиколниот пат околу Кочани е затворен за сообраќај од клучката кон село Грдовци до влезот кон Оризари, а возилата се пренасочуваат низ градот.

Увид на местото на сообраќајката прават јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. та/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот