Утрински Весник
Бизнис

Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Северна Македонија

Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Северна Македонија

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Прва од циклусот обуките за анализа на квалитетот на сточната храна со користење на „NIR“ (Near Infrared Spectroscopy) уреди се одржа денеска во Битола. Овие уреди за прв пат се воведуваат во млекопроизводствениот процес во земјата.

Два NIR уреди и придружен софтвер за анализа на сточната храна се набавени од италијанската компанија „Гранит“ и тие ќе бидат користени од Млекара АД Битола и од другите членки на здружението „Знак за квалитет“ за да се добијат подетални информации за составот на сточната храна што ја користат нивните кооперанти. Анализата ќе им помогне на млекарите да ги советуваат кооперантите како да го подобрат квалитетот на сточната храна од која пак директно зависат приносите и квалитетот на сировото млеко. Подобрувањето на составот на сточната храна во Северна Македонија може да резултира со зголемување на приносите на млеко за 10-15 отсто, што би претставувал голем скок во продуктивноста на целата млечна индустрија во земјата.

Од Канцеларијата за комуникации во УСАИД информираат дека на обуката присуствувале 14 стручни лица од млекопреработувачката индустрија кои ќе бидат задолжени за тестирање на сточната храна на кооперантите на нивните компании и за советување како да се подобри нејзиниот квалитет, а со тоа и квалитетот и приносите на млеко.

– Со користење на оваа технологија, фармерот во неколку секунди може да дознае каква сточна храна произведува и дава на своите крави. Оваа технологија се употребува на самата фарма, нема потреба од лабораторија и реагенси. Користејки го скенерот во „NIR“ уредот, фармерот може да дознае од што е составена храната и со внесување на овие податоци во софтверот за балансирање на исхраната ќе се дознае каков микс треба да биде припремен, заштедувајки пари на прекумерни состојки или пак дополнителни концентрати кои се додаваат во сточната храна, објаснува професорот Паоло Берзаги од Универзитетот во Падова, кој е и експерт за анализа на сточната храна од италијанската компанија „Гранит“.

Денешната обука е дел од циклусот од три обуки кои Берзаги оваа недела ќе ги одржи за преработувачите и производителите на млеко во земјата. мс/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ постигна договор за руската нафта

Шпаркасе банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција