Утрински Весник
Македонија

Тетовски мултимедијални вечери

Тетовски мултимедијални вечери

Тетово, 17 јуни 2019 (/) – Настанот „Тетовски мултимедијални вечери“ со поезија, музика, цртање, фотографија и филм денеска и утре по првпат ќе се одржи во дворот на Меморијалниот музеј на Комунистичката партија на Македонија во населбата Два бреста во Тетово.

-Денеска од 20 часот ќе има поетско читање пропратено со музика и ликовен перформанс, со настап на Дуо Квантум, Тимко Чичаковски – Канон и групата Шербет. Поезија ќе читаат Небојша Стојаноски, Перо Сарџоски, Милена Илиевска, Славица Дабевска Кироска, Арлинд Фаризи, Владимир Лукас, Љупка Станкоски и Соња Стрезовска. Паралелно ќе црта ликовна секција на Славчо Максимовски, информираат од националната установа „Музеј на Тетово“ кои се организатори на настанот.

Утре,пак, со почеток во 21 часот ќе има проекција на краткометражни филмови од авторите: Ханиз Багашов, Ана Андонова, Ајдин Ислам, Сашо Станишиќ, Лидија Мојсоска и Марко Црногорски.

Настанот е поддржан од Министерство за култура. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

(Видео) Спасовски: 45 години високо образование за безбедност, со научни резултати до заеднички одговор на безбедносните предизвици