Скопје, 30 јуни 2019 (/) – Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјави за / Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс“.
Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.
Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.
– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата. лв/нд/
фото: Охрид њуз