Утрински Весник
Автомобили

Тесла камион снимен без возач на автопат

Тесла камион снимен без возач на автопат

Лос Анџелес, 16 јули 2019 (/) – Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија, каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Тесла, „семи“ се движи без возач зад воланот.

Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, којшто создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.

Доколку, сепак, од „Тесла” на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи. си/паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

META

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

META