Утрински Весник
Технологија

Твитер избриша речиси 4.800 сомнителни налози

Твитер избриша речиси 4.800 сомнителни налози

Њујорк, 14 јуни 2019 (/) – Социјалната мрежа Твитер соопшти дека избришала речиси 4.800 сомнителни налози.

Станува збор за налози за кои постои сомнеж дека се поврзани со властите во Иран и кои служеле за промовирање на иранските државни интереси.

Твитер информира дека овие налози ќе бидат префрлени во јавната база на податоци што социјалната мрежа ја покрена лани за борба против дезинформациите.

Во базата покрај најновите, се наоѓаат и претходно избришани налози поврзани со Русија, Венецуела и шпанската област Каталонија. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META

Истражување на Касперски: Пандемијата го одложува напредувањето на жените во ИТ секторот

META

Онлајн анкета: Голем дел од младите во Македонија многу малку или воопшто не се запознаени со криптовалутите

META