Утрински Весник
Спорт

Тајсон Фјури со својот татко отиде на Исланд да се „тепа“ со Тор, двајцата завршија во паб

ВБЦ шампионот во тешка категорија, непоразениот Тајсон Фјури заедно со неговиот татко Џон (инаку во младоста познат како боксер без ракавици), отпатуваа на Исланд со желба да го предизвикат Тор Бјорнсон во неговата вежбална, но наместо тоа завршија во паб со предизвик за поранешниот најсилен човек на светот.

dobivaj vesti na viber

„Џипси кинг“ се обидува да договори егзибициски меч против Исланѓанецот, кој стана познат по својата улога во „Игра на тронови“, и биле во неговата вежбална во Копавогур, документирајќи ја посетата на Инстаграм.

„Знаете каде сум луѓе? Исланд. Го бараме Тор. Излези и тепај се како маж. Сега, Тор, ако сакаш нешто од ‘Џипси кинг’ ќе дојдеш во Моркамб на аџилак. Се гледаме наскоро“, вели 33-годишниот Фјури во снимката.

По ова, тој реши да се опушти на Исланд, купувајќи си викиншка капа и посетувајќи ги локалните пабови.

Бјорнсон одговори од Италија.

„Во моментов сум во Рим, снимам филм, уживам во животот. И погодете што се случи? Тајсон Фјури се обиде да ме најде, но јас не сум таму. Тајсон, ако си сериозен, твојот тим нека ми прати договор. Тогаш јас ќе те најдам. Ќе дојдам по тебе, не се грижи“, одговори Тор.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами