Утрински Весник
Бизнис

Сé уште не е извршен технички прием на зградата во која функционира РКЕ

Сé уште не е извршен технички прием на зградата во која функционира РКЕ

Скопје, 15 јули 2019 (/) – Зградата во која е сместена Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и уште шест други институции сé уште нема технички прием иако тие функционираат во неа повеќе од една година, констатира последниот ревизорски извештај за РКЕ.

-Зградата е заедничка инвестиција на шест институции за која главен претставник беше ПУИГ. Нашите надлежности ги префрливме на ПУИГ кој во соработка со Министерството за транспорт и врски треба да го регулира статусот на зградата. Имам одредени сознанија дека Министерството има некои забелешки во однос на конечната состојба како е направена зградата и оти има разлика во однос на тоа што било во проектот и тоа што е реализирано, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, одговорајќи на прашање пред почетокот на денешната подготвителна седница на РКЕ

Тој посочи дека ревизорскиот извештај се однесува на 2017 година и со него е констатирано дека заградата во која е сместена Регулаторната комисија за енергетика сé уште нема технички прием.

-Ние постапивме по сите забелешки што ги добивме од ревизорот и донесовме соодветни процедури и за тоа ќе го известиме Државниот завод за ревизија во текот на денов, рече Бислимовски. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре