Утрински Весник
Македонија

Судот во Будимпешта ја одби екстрадицијата на Груевски

Судот во Будимпешта ја одби екстрадицијата на Груевски

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Поранешниот премиер Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија. Вака одлучил Судот во Будимпешта бидејќи, како што јавија унгарските медиуми, не биле исполнети условите за негова екстрадиција во Република Северна Македонија.

Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. Дел од медиумите во Унгарија објавија дека Груевски утринава бил уапсен за одлучување по барањето за екстрација, а при доаѓањето во судот тој одел со рацете покрини со палто, следен од две лица.

Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда на Република Северна Македонија дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.

Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега  и доби азил во Унгарија.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и  за овој предмет. дма/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом