Утрински Весник
Бизнис

Сугарески: Одлична реализацијата на капиталните инвестиции, нема општина каде не се работи

Сугарески: Одлична реализацијата на капиталните инвестиции, нема општина каде не се работи

Неготино, 27 јуни 2019 (/) – Одлична е реализацијата на капиталните инвестиции на крајот од вториот квартал, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на Јавното преторијатие за патишта, Зоран Китанов изврши увид во реконструкцијата на двата моста кај Неготино.

Работата на мостовите, истакна Сугарески, оди со добра динамика. Роковите за завршување се март и април идната година, а бенефит од овој проект ќе имаат сите.

Одлична е реализацијата, дополни, и во делот на гасификацијата каде во октомври/ноември се очекува комплетно заокружување на предвидените 1,5 милијарди денари, кај социјалните станови реализацијата е веќе завршена во делот на префрлање средства до ПУИГ, во делот на водовод и канализација има 28 проекти кои сериозно се реализираат на терен што е историски најмногу со оглед дека во последните шест години тоа се нема ни приближно случено.

И во железницата има сериозен напредок, особено на пругата Куманово-Бељаковце.

Според Сугарески, комплетно е зголемувањето на капиталните инвестиции.

-Јавното претпријатие за државни патишта не е буџетски корисник и дополнително го додаваме тоа како реализација на капиталните инвестиции во делот на ресорот на транспорт и врски. Имаме одлични резултати. Тоа што најавував дека вториот квартал ќе биде силен, е исклучително силен, а се знае дека третиот, четвртиот вообичаено е најсилен во Министерството. Ги отфрлам сите лажни вести дека е слаба реализацијата. Напротив, нагласи министерот.

Главниот фокус на Владата и на Министерството за транспорт и врски, рече, е реализација на капиталните инвестиции.

Китанов нагласи дека овие мостови 45 години не биле чепнати.

-Мостот што е за железница, непрописно и неправилно, после екектрификацијата е со неправилна висина. Сега се корегира тоа после повеќе од 30 години, се подигнува мостот за да не се случува од железници секој месец да го менуваат екектричното јаже и да прават трошоци, а и да нема опасности и загрозување на сообраќај, појасни Китанов.

Реконструкцијата на мостот на Вардар, е, додаде, како изградба на нов мост со огради. Се проширува,  а ќе има и тротоари. Ќе биде современ мост.

-Оваа, по многу години, се градат четири нови мостови, се реконструираат 12, нешто што било запоставено. Има рехабилитација на преку 400 километри. Регионални, магистрални, автопатишта. Буквално не постои општина каде не се работи. Заедно со мостовите и свлечиштата, како тоа кај Конче кое стоеше околу седум години, а сега е завршено. Се решаваат сообраќајни и патни проблеми, свлечишта. Даваме долгорочни решенија, во интерес на сите, нагласи Китанов. свд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе

Од први декември сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе добиваат струја од „ЕСМ Продажба“

НБРМ: Хрватската куна ќе се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година