Утрински Весник
Бизнис

Сугарески и Китанов: Премиерот ги носи одлуките за реконструкција на Владата

Сугарески и Китанов: Премиерот ги носи одлуките за реконструкција на Владата

Штип, 17 јуни 2019 (/) – Актуелните функционери не треба сами да ја оценуваат својата работа. Мандатарот, односно премиерот нормално е да ја оценува работата на министрите и врз база на тие анализи да донесе соодветни услуги. Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  одговарајќи на новинарски прашања при увидот во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

– Во неколку наврати кажав, а малку и побрутално е и можеби дека малку е и невоспитано од наша страна, како актуелни функционери сами да си ја оценуваме нашата работа, од првиот ден понатаму, мандатарот, односно премиерот е нормално,  тој што ја оценува работата на министрите. Тоа го прават и граѓаните. Така сето она што го кажав и минатиот пат е дека врз база на неговите анализи, коишто ги прави нормално е премиерот да донесе соодветни одлуки, така и за случајот со министерот за транспорт и врски, вели Сугарески.

Прашан дали претпоставува кој се наоѓа на списокот за реконструкција во Владата, Сугарески изјави дека нема намера да претпоставува туку, како што рече, му е битно да си ја извршува работата за која му е дадена како министер и нема намера да ги оценува своите колеги, министри со кои поминал две години во Владата.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов прашан дали се наоѓа и тој на списокот за промена на директори, одговори дека тоа прашање треба да му се постави на премиерот.

– Вие како новинари сте присутни, со нас. Јас еднаш неделно сум на терен, траса, во моментов имам преку 80 проекти, што активно ги работам. Си ја гледам и ја работам работата, а тој што треба да мери, да сече и да цени е премиерот. Негово е тоа апсолутно право, така што воопшто не сум оптоварен со тоа, вели Китанов. вдј/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе

Од први декември сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе добиваат струја од „ЕСМ Продажба“

НБРМ: Хрватската куна ќе се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година