Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Деновиве ќе се знаат штетите на пругата кај Куманово 

Сугарески: Деновиве ќе се знаат штетите на пругата кај Куманово 

Штип, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Увидните екипи се уште ја утврдуваат штетата на железничката пруга, откако вагони преполнети со товар се превртеа во близина на Куманово. Работите околу отстранувањето на вагоните ќе заврши брзо, но точната сума од предизвиканата материјална штета ќе се знае деновиве.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, денеска го означија почетокот на изградба на станбена зграда наменета за граѓани во Пробиштип од социјално ранливи категории.

– Очекуваме овие денови да ги знаеме точно штетите, но сакам да информирам дека многу брзо оди акцијата за отстранување во делот на вагоните и работењето што ќе значи од страна на JП инфраструктура во делот на санирање на штетата. Така да според она што сум информиран многу брзо треба да биде тоа санирано. Најважно е што нема човечки жртви, материјална штетата реално има, вели Сугарески.

Тој истакна дека изминатите години многу е малку инвестирано во инфраструктурата на македонска Железница.

– Сакам да потенцирам дека треба да се вложува и во делот на локомотиви, возови, дел од кризата, којашто во даден момент се појави е во фаза на надминување. Иако морам да потенцирам дека имавме понудено и помош од соседите. Но се најде начин во моментов, како без таа помош да се надмине. Факт е дека претпријатијата, а посебно за транспорт е во големи долгови. Тоа јавноста го знае, но еве и од моја страна, преку 80 милиони евра долгови зборувам без камати, кои се кон државни органи, према добавувачи, рече Сугарески.

Тој истакна дека се чека анализата што треба да покаже кој модел на приватизација е најдобар.

– Ние сметаме дека треба да најдеме решение за да тоа претпријатие навистина функционира, како што треба. Се работи на анализи, се работи на нив подолг временски период и чекаме да видиме што ќе покажат. Меѓутоа факт е дека ситуацијата е ваква. Тоа претпријатие е со над 80 милиони евра долг без камати, а тој долг можеби и над сто милиони евра, вели Сугарески. вдј/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра