Утрински Весник
Македонија

Студентски град и сексуално образование, дел од иницијативите за младински политики

Студентски град и сексуално образование, дел од иницијативите за младински политики

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Пренамена на поранешна фабрика во студенстки град на површина од 22.000 метри квадратни со повеќенаменски содржини, пилотирање на предмет за сексуално образование што би се изучувал како изборен предмет, примена на дигитална платформа за вклучување на учениците во дефинирање на клучните процеси во средното образование во целата држава, третман на деца корисници на дроги…

Тоа се дел од иницијативите што ги презентираа граѓански организации денеска во Владата, од која побараа институцинална поддршка за примена на проектите.

Министрите за труд и социјална политика, Мила Царовска, за образование и наука Арбер Адеми и за здравство Венко Филипче истакнаа дека во сите ресори се преземаат активности за подобрување  на квалитетот на животот, образованието и стандардот на младите за кои со мерките што се преземаат гарантираат подобра иднина.

Според Царовска, по владината седница од пред една година што беше наменета за младинските политики, најавените процеси се веќе завршени, а многу скоро ќе има реализација на побараните активности за сексуално образование, третман на деца корисници на дроги и вработување кај младите.

– Како  Министерство посветено работиме да обезбедиме можности сите млади да дојдат до вработување. Затоа Владата одвои милијарда и сто милиони денари за оперативните мерки за вработување, план што лани се реализираше со 96 проценти, а годинава очекувам уште  поголема реализација. Најголем дел од мерките се насочени кон ИТ вештините на младите преку кои можат да дојдат до високоплатени квалитетни работни места и тие се задоволни  од овој проецс. Дополнително успешно се реализираше  програмата за младинска гаранција преку која се вработија 1800 лица и очекувам оваа година да ја имплементираме на цела територија на државата, рече Царовска на отворениот ден во Владата за иницијативи на граѓански организации за младински политики.

Министерот Адеми истакна дека веќе не се креираат политики на база на перцепции, туку според реални податоци, со вклучување и на невладините организации  со цел подобрување на состојбите. На меѓународните тестирања  не добиваме оценки според учебниците и наставните програми, туку според тоа какви резултати покажуваме. Нашиот образовен систем продуцира кадар кој не ги задоволува потребите на пазарот на труд, укажа Адеми.

Во фокус на нацрт законот за основно образование, како што рече, е подобрувањето на статусот на  учениците со нивно учество во подготовка на годишните програми на училиштата и во сите процеси, а таквите активности во иднина би се пресликале и во средното образование.

Министерот за здравство, пак, ги презентираше преземените мерки во областа на здравството и посочи дека е вложено многу  во кадарот во делот на платите и дежурствата.

– Младите лекари  кои работеа без пари изминатите години првпат минатата година стнаа платени за својот труд. Воведовме две мерки согласно со последната измена на Законот за здравствена заштита, за загарантирано рабoтно место за секој млад лекар кој  ќе заврши факултет и ќе добие лиценца во лекарската комора и загарантирано место за сите невработени медициснки сестри согласно со последнот оглас за вклучување во патронажниот сервис, рече Филипче дополнувајќи дека во здравството имало серозна инвестиција и во подобрување на имунизацијата.

Како што најави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски, на инцијативите на граѓанските организации ќе одговорат со покана да учествуваат со предлози  на повикот  со што ФИТР во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе обезбедат финансии иновациите да може да се применат во секоја област. Интересна иницијатива ќе биде и  формирање посебна национална програма  за поттикнување и поддршка на талентирани деца, односно малди од шест до 18 години.

– Тоа ќе биде посебен фонд за млади умови и ќе ги поканиме невладините организции со  свои предлози да учествуваат во дефинирање на тие мерки, рече Деспотовски.лв/сд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра