Утрински Весник
Македонија

Струмица доби 450 илјади евра за два проекта од програмата за прекугранична соработка со Бугарија

Струмица доби 450 илјади евра за два проекта од програмата за прекугранична соработка со Бугарија

Струмица, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денес во Министерството за регионален развој и јавни работи на Бугарија, потпиша договори за два нови проекта од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, информираат од општината.

Со проектот Струмица-Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча со уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување на просторот, заштитни ѕидови и огради на река Водочница, одмаралиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности.

Со проект, пак, Петрич-Струмица, Територијалната противпожарна единица ќе добие современо повеќенаменско возило за реакција при пожари и поплави.

На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и државниот секретар во ова министерство, Кирил Парталов.

Инаку, Струмица е единствената македонска општина што доби два проекта од оваа програма во вкупна вредност од околу 450 илјади евра.рт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“