Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: По недобивање датум за преговори Димитров треба да си поднесе оставка

ВМРО – ДПМНЕ: Да не се забошотува случајот со Богоевски

Скопје, 21 јуни 2019

Никола Димитров како министер за надворешни работи беше извор на лажна вест, кога лани заедно со двајца вицепремиери и со премиер објави фотографија во чест на лагата дека Македонија добила датум за почеток на евроинтеграцијата на Република Македонија.

Почитувани, по недобивањето на датум за преговори и годинава, Никола Димитров треба да си поднесе оставка, тој нема ниту едно позитивно дело и успех за државата и во секоја нормална демократска држава тоа би се очекувало од министер на таква позиција.

Недобивањето датум и лани и годинава во јуни е неуспех на македонската дипломатија на чело со Никола Димитров кој што повеќе се посвети на лични прашања отколку на дипломатијата кон навистина добивање датум. Но, тоа е човекот кој  што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија а ја потпиша и се гордее со Северна Македонија!

Наместо за напредокот и за датумот на Македонија, името на Никола Димитров ги потсетуваше холандските политичари и холандската јавност за корупциски скандал тежок 20 милиони евра, пари од државни субвенции за институт во Хаг, каде Димитров имаше висока позиција и како близок до првиот човек на институтот имал несразмерно голема плата. Наместо да се зборува за Македонија, во Холандија се зборуваше за Димитров, за неговата плата и можна вмешаност во корупциски скандал. Да потсетиме, францускиот печат ја посочи Холандија како земја која се противи на отпочнување преговори со Македонија!

Кога зборуваме за Холандија, корупцијата и непотизмот го поврзуваат Никола Димитров и со скандалот со стипендијата за неговата ќерка и начинот на кој таа се стекна со стипендија за студии и престој во Хаг, иако семејството Димитрови има имот во близина на Универзитетот. Но, Димитров не одговори како е можно со ваква стипендија да се стекне неговата ќерка а не и редица други кои ги исполнуваат критериумите, до сега не одговорил за неговото можно влијание зошто преку ноќ, неговата ќерка се стекне со стипендија два дена пред распишување избори, од комисија водена од лице блиско до Димитров, а комисијата која одобрила стпендијата работела во нецелосен состав?

Никола Димитров го претвора МНР во приватна институција на политички истомисленици и со креирање на ситуации за лажни вести, непотизам, самоволие, корупциски скандали, политички реваншизам и со навреди кон македонскиот народ, нанесува срам за државата дома и надвор.

Во моменти кога власта најавува привид од реконструкција на владата, Никола Димитров треба повторно да ја активира веќе еднаш поднесената оставка, со потпис и со печат.

Наум Стоиковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските ученици се вратија од Турција, сите се во добра здравствена состојба

Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!

Остри реакции по смртта на Благојче: Не купуваме лекови за болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за службени коли!