Утрински Весник
Спорт

Стирлинг: Отсекогаш сум сонувал да играм надвор од Англија

Стирлинг: Отсекогаш сум сонувал да играм надвор од Англија

Манчестер, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Рахим Стирлинг верува дека ќе остане долго време во Манчестер Сити, но не ја отпишува можноста во иднина да игра надвор од Островот. Англискиот напаѓач, кој освои пет трофеи со Манчестер Сити, откако пристигна во 2015 година, го продолжи договорот со клубот од „Етихад“, кој завршува летото 2023 година.

– Ако морам да направам преглед досега, се чувствувам одлично тука. Го сакам Манчестер и јас играм во еден од најдобрите тимови во светот. Мислам дека ќе останам долго време. Но никогаш не се знае што ќе се случи во иднина. Сѐ уште сум млад и уживам во секоја минута. Додека растев, мојот сон беше да играм некаде во странство, изјави Стерлинг пред британското списание „Џи Кју“.

Офанзивниот фудбалер на „граѓаните“ потврди дека сака да игра фудбал кога температурата на воздухот е помеѓу 17 и 18 степени. Во исто време, тој се пошегува, отпишувајќи ја опцијата да игра во Германија поради јазичната бариера.

– Понекогаш ги слушам Лерој Сане и Илкај Гундоган кога зборуваат. Немам поим како се разбираат. Им кажувам дека тоа не е јазик и ништо не се разбира, вели Стерлинг.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП