Утрински Весник
Сцена

Стинг го откажа концертот во Белгија поради здравствени  причини

Стинг го откажа концертот во Белгија поради здравствени  причини

Гент, 9 јули 2019 (/) – Познатиот британски пејач Стинг (67) го откажал синоќешниот концерт во Белгија поради здравствени  причини.

– Со огромно жалење Ви соопштуваме дека настапот на Стинг на Џез фестивалот во Гент, Белгија, е откажан по препорака на лекарите. Повеќе информации за рефундирање на средствата за влезниците ќе следат наскоро, се вели во објава на официјалната Твитер страница на пејачот.

Засега нема детали околу тоа за какви здравствени проблеми станува збор. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка