Утрински Весник
Автомобили

Стар „бетмобил“ откриен во Украина (видео)

Стар „бетмобил“ откриен во Украина (видео)

Киев, 4 јули 2019 (/) – Во стара гаража во Киев, Украина, е пронајден уникатен тркачки ЗАЗ запорожец. Автомобилот е создаден 1981 година како спортски прототип врз основа на ЗАЗ-968, но дизајниран да личи на „бетмобилот“ од стриповите за Бетмен.

Автомобилот, кој денес е видливо во лоша техничка состојба, има каросерија направена од фиберглас, единствена од својот вид. Веројатно, неговиот изглед бил дизајниран по нарачка

Спортскиот ЗАЗ ги има и оние карактеристични врати што се отвораат нагоре, во стилот на Мекларен. Внатре има вградено безбедносна преграда и спортско седиште. Моторот има два карбуратора Вебер.

Сега, овој ЗАЗ, единствен од својот вид, ќе биде подложен на целосна реставрација.

А, дали ќе се појави во новиот филм, каде што човекот-лилјак ќе го глуми Роберт Патинсон, допрва ќе се дознае. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

META

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

META