Утрински Весник
Македонија

Средношколци од Охрид почнаа со пракса во странските компании како дел од проектот за дуално образование

Средношколци од Охрид почнаа со пракса во странските компании како дел од проектот за дуално образование

Охрид, 20 јуни 2019 (/) – Ученици од средношкилскиот електро машински центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид веќе почнаа со практична настава во компаниите „Костал“, „ЛТХ – Леарница“ и „ОДВ – Електрик“, како дел од проектот за дуално образование.

Практичната настава ќе ја реализираат во времетрање од две односно три седмици, а се опфатени ученици од втора, трета и четврта година.

Системот на дуално образование е еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите, а е координирано од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Дуалното образование е образовен систем што претставува комбинација на теоретска настава што е реализира во училишните клупи со практична обука во компаниите. Целта е обезбедување квалификуван кадар за потребите на компаниите, а за учениците можност за вработеување веднаш по завршувањето на образованието, со добиен сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Инаку, во ОЕМУЦ„ Св.Наум Охридски“ во тек се уписите за прва година, каде се уште има слободни места. Покрај досегашните струки и профили од наредната учебна година учениците ќе можат да се едуцираат и за звањето „Техничар за производно машинство“ исто така во рамки на системот на дуално образование. Феријалната и редовната практична настава за учениците од овој профил ќе се изведува во „Костал“ и „ЛТХ – Леарница“. аб/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра