Утрински Весник
Македонија

Средба на Мицкоски, Николоски и Муцунски со министерот Лајчак

Средба на Мицкоски, Николоски и Муцунски со министерот Лајчак

Скопје, 19 јуни 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска (19.06.2019-та година) оствари работен појадок со министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мирослав Лајчак.

На средбата се разговараше за интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите државава.

Мицкоски истакна дека недобивањето на датум за преговори е неуспех на владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Тој посочи дека сепак граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и дека Република Македонија треба да добие датум за преговори до крајот на годината како би се воспоставил уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и би се дала надеж наспроти евроскептицизмот кој се подгрева од одредени структури на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот на партијата да помогне во реформските процеси кои треба да ги реализира Владата потребни за добивање на датум за преговори.

Воедно Мицкоски се осврна и на другите аспекти од општеството посочувајќи дека Владата не покажува интерес за сузбивање на растечката корупција и остварува катастрофално лоши економски резултати што го прават животот на граѓаните уште потежок.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“