Утрински Весник
Бизнис

Средба на директорот на Македонски железници Асани со директорот на ЕБОР, Аранитаси

Средба на директорот на Македонски железници Асани со директорот на ЕБОР, Аранитаси

Скопје, 16 јули 2019 (/) – Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, Ирфан Асани оствари работна средба со Анди Аранитаси, кој од септември годинава ќе ја преземе функцијата на директор на ЕБОР во нашата држава.

Од ЈП за железничка инфраструктура Железници соопштуваат дека на средбата заеднички е оценета како успешна досегашната соработка со ЕБОР и е утврдено дека има услови интензивната соработка да продолжи и во претстојниот период, бидејќи Европската банка за обнова и развој е меѓу најголемите стратешки партнери на нашата држава.

Исто така, како што се наведува во соопштението, на средбата е дискутирана тековната состојба и напредокот на проектите финансирани преку заеми од ЕБОР во областа на железничката инфраструктура, а учесниците заеднички се согласиле на идна успешна соработка и имплементација на нови проекти за реконструкција и изградба на нови железнички пруги, со посебен осврт на железничката врска меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и железничката врска меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи