Утрински Весник
Македонија

Средба Мицкоски – Пломп

Средба Мицкоски – Пломп

Скопје, 8 јули 2019 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Волтер Пломп.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

Мицкоски го информираше својот соговорник за недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кој се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија. Тој истакна дека оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон преку кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи и корупцијата и криминалите на власта како еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали.

Економијата исто така беше една од темите на кои се разговараше на средбата, лошиот животен стандард придонесува за иселување на младите што претставува еден од најгорливите проблеми со кои се соочува држава, потенцираше Мицкоски.

Соговорниците се согласија дека иднината на Македонија е во европското семејство, дека стратешка цел и приоритет на нашата држава е членството во Европската Унија.

На средбата беше истакнато огромноѕо значење е поддршката на Кралството Холандија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8