Утрински Весник
Македонија

Средба Заев-Хан: Повторена заложбата Северна Македонија годинава да добие датум за преговори со ЕУ

Средба Заев-Хан: Повторена заложбата Северна Македонија годинава да добие датум за преговори со ЕУ

Скопје, 15 јуни 2019 (/) – Потврда за заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија беше изразена на денешната средба на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, која се одржа во австриската област Вахау.

Премиерот Заев на средбата, која како што соопшти владината прес-служба минала во исклучително позитивна атмосфера, истакна дека добивањето датум за преговори е особено важно за земјава, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.

-Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе две години вредело, истакна Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан. ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом