Утрински Весник
Македонија

Средба Дехари – Емини: Зачестени полициски контроли со цел зголемување на безбедноста во Кичево

Средба Дехари – Емини: Зачестени полициски контроли со цел зголемување на безбедноста во Кичево

Кичево, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Зачестени полициски контроли, почитување на работното време од страна на сопствениците на кафулиња, како и не попречување на тротоарите од страна на малите бизниси, е решението за зголемување на безбедноста на територијата на општина Кичево. Ова денеска беше заклучено на средбата меѓу градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и заменик- командирот на ПС -Кичево Хамдин Емини.
Дехари и Емини апелираат до граѓаните на Кичево да соработуваат и да имаат разбирање, со цел зголемување на безбедноста. Полициските контроли ќе зачестат во централното градско подрачје, особено во сообраќајот. Апел до малите бизниси да не го попречуваат движењето на луѓето по тротоарите со изложување надвор од прописите на улица односно тротоар.
Исто така, се бара од кафеаните да го почитуваат работното време се со цел да се одвива нормално животот во градот во време кога се очекува со доаѓање на печалбарите да се зголеми фрекфентноста по кичевските улици.рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра