• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
сабота, декември 7, 2019
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
Не се пронајдени резултати
View All Result

Средба Бен Валас-Шекеринска во Лондон: Добродојдовте во НАТО!

од МИА
04-Дек-2019 08:30
во Македонија
Средба Бен Валас-Шекеринска во Лондон: Добродојдовте во НАТО!
0
Споделувања
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Добродојдовте во НАТО – и порача британскиот министер за одбрана Бен Валас на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата во Лондон.

Средбата , како што соопшти Министерството за одбрана, се реализира во пресрет на Лидерскиот самит на НАТО – Алијансата каде прв пат нашата држава активно учествува на состанок на шефовите на држави и влади на земјите – членки.

– Ги цениме бргу завршениот процес за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО и континуираната британска поддршка на одбранбените реформи. Нашиот фокус ќе биде развојот на способности и капацитети како членка на НАТО, рече министерката Шекеринска и додаде дека во споредба со 2017 буџетот за одбраната е дуплиран, а над 20 отсто од буџетот за 2020 е наменет за опремување и модернизација на Армијата.

Министерката Шекеринска кажа дека преку интензивната советодавна помош од страна на Обединетото Кралство, со повеќе советници во доменот на одбранбените реформи и трансформацијата на Армијата, Северна Македонија успешно го спроведе пристапниот процес во НАТО.

Британскиот министер за одбрана, Валас изрази задоволство од фактот што Северна Македонија е пред последниот чекор до полноправно членство во НАТО. Тој рече дека Обединетото Кралство силно ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и е подготвено да ја даде сета потребна поддршка во развојот на подофицерскиот кадар и во обуката на Лесната пешадиска баталјонска група.

Северна Македонија и Обединетото Кралство се вистински сојузници во Алијансата, пријателски земји кои имаат исклучително развиена и одбранбена соработка, се согласија министрите за одбрана на двете земји.

Интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји опфаќа голем број на полиња, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот колеџ во Шривенам, Универзитетот Кренфилд, Кралската воена академија Сендхрст и колеџот Кранвел. дма/са/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: