Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност 

Спасовски: Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност 

Кавадарци, 29 јуни 2019 (/) – Криминалот не познава политички партии, националности, верска припадност и слично. Едноставно имате луѓе кои се чесни, одговорни, но  и луѓе кои ги прекршуваат нормите на државата. Ние мора да отвориме една беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.

Ова денеска во Кавадарци го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорарајќи на новинарско прашање околу последните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ,  дека „власта ги апси нивните видни членови од раководството, за да ги покрие своите лоши политики“.

Наша обврска и задача, рече, е да се бориме против криминалот и корупцијата.

– Имаме низа случаи што значат справување со криминал и во рамките на институциите на системот на сегашни функционери, нагласи министерот, притоа споменувајќи неколку случаи.

Тој се осврна на тоа, како што рече, дека криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ  ја водело државата изминати 12 години. свд/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните