Утрински Весник
Македонија

Спасовденска средба во село Горно Крчиште

Спасовденска средба во село Горно Крчиште

Дебар, 9 јуни 2019 (/) – Македонците по потекло од селото Горно Крчишта, Република Албанија денеска во дворот на црквата „Свет Спас“ ја одржаа традицоналната спасовденска средба.

-Ваквите средби одржуваме по повод партонот на селската црква, Христовото вознесение – Спасовден, но бидејќи овој голем празник секогаш се паѓа во четврток, средбите ги одржуваме викендот веднаш по празникот. Целта е да бидеме во поголем број зашто многу Македонци по потекло од Крчишта сега живеат во други градови, изјавија некои од присутнте.

Богослужба во црквата ја одржа отец Ристо,кој исто така е по потекло од ова село, но живее во Кичево и секогаш за овој празник е тука.

Црквата „Свети Спас“ е изградена во 1232 година, а од страна на албанските власти е прогласена за споменик на културата. На 13 јуни 2009 година е извршено нејзино преосветување откако беше извршена санација, поставена нова врата и ограда од страна на вернците, по иницијатва на Левко Радевски, кој потекнува од ова село, но живееше во Дебар.

Селата Долно Крчишта, Горно Крчиште и Ербеле се македоноски и се наоѓаат во Општина Маќеларе, во околината на Пешкопеја, 10 километри од Дебар. Тука некогаш доминирало македоското население. Сега постојано живеат само неколку семејства. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“