Утрински Весник
Македонија

Со размена на национални искуства и пракси до поголема глобална сајбер безбедност

Со размена на национални искуства и пракси до поголема глобална сајбер безбедност

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Сајбер нападите не познаваат национални граници и не се ограничени само во рамките на една држава. Затоа е неопходно споделување на искуства и пракси со останатите држави за заедничко подобрување на сајбер безбедносната инфраструктура како на национално, така и на глобално ниво.

За таа цел Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Меѓународна унија за телекомуникации организира тридневна работилница за сајбер безбедност, на која ќе бидат разменети искуства со романски експерти од полето на сајбер безбедноста.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на работилницата, посочи дека со влегувањето во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ нашата земја веќе станува поатрактивна мета и за сајбер напади.

– Не се само владините инситуции. Се работи за сајбер криминал. Банкарскиот и енергетскиот систем и се станува многу поатрактивно за сајбер напади од било кој што има зла намера. Затоа дефинирање на нашата критична инфраструктура не го опфаќа само државниот, туку и приватниот сектор, односно безбедноста на граѓаните. Ова што сега го организираме е сајбер одбрана на целиот наш критичен систем, изјави Манчевски.

Посочи дека Министерството работи на дефиниција на националната критична инфрастурктура по што заедно со министерствата за одбрана и за внатрешни работи, согласно акцискиот план, ќе се постави соодветната сајбер одбрана.

Романскиот државен секретар при Министерството за комуникации и информатичко општество Андерј Јонут, рече дека Романија како нов претседавач со Советот на ЕУ е особено насочена кон развој на нови напредни технологии за подобрување на сајбер безбедноста.

– Романија е особено фокусирана на развој на компјутери со високи перформанси и блок-чејн технологијата. Особено ни претставува чест можноста да ги споделиме со сите учесници на работилницата сите работи кои ги прави Романија и ЕУ на ова поле, изјави Јонут.

Според Марко Обисо од Меѓународна унија за телекомуникации виоско ниво на сајбер безбедност се постигнува преку носење соодветни политики, имплементирање на технички решеија и процеси и градење на неопходните национални капацитети. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом