Утрински Весник
Македонија

Со промоција на книгата „Бдеењето над себе„ започна делчевското културно лето

Со промоција на книгата „Бдеењето над себе„ започна делчевското културно лето

Делчево, 2 јули 2019 (/) – Со промоција на романот „Бдеењето над себе“, синоќа започна делчевското културно лето. Автор на романот е младата Дијана Петровска, која за делото е добитник на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература, од издавачот „Нов Вавилон“ од Битола.

За Петрова која е дипломиран книжевник по потекло од Делчево, беше чест нејзиното првенче, да се промовира во родниот град.

– Не е важно, до каде ќе ти стигне цветот, зошто ако не се грижиш за корените, цветот брзо ќе скапе, а моите корени се тука во Делчево. Затоа многу сум среќна што вечерва сме тука, што толку брзо ми се исполни желбата да го промовирам романот во градот каде израснав. Книгата првично ми беше замислена за еден конкурс. На тој конкурс бев меѓу првите три писатели со најдобри ракописи. На романот работев речиси цела година, со тоа што прво белешките ги запишував и ги праќав на мојата професорка, а потоа на нејзина иницијатива се случи ракописот да се испечати, истакна Петрова.
Додаде, дека подготвува нешто ново, со што ја продолжува својата љубов кон пишаниот збор.
Промотор на настанот беше проф. д-р Весна Мојсовска Чепишевска, која истакна дека романот е всушност монолог на авторот со самиот себе.
– Во ова бурно време сите водиме дијалог со самите себе, се прашуваме кои сме, што сме, како сме и тоа всушност е длабоко нурнување во неа самата и тука ќе најдете еден вид на 15 „бдеења“. Знаете „бдеењето“ е некаде помеѓу сонот и јавето, па се прашуваме дали се се случило или не, но нема се да откриеме, треба нешто и да се прочита, за да се почувствува, истакна Чепишевска.
“Бдеење над себе”веќе се наоѓа на полиците во Јавната локална библиотека и е на располагање на сите читатели од општина Делчево. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите