Прилеп, 21 јуни 2019 (/) – Со концерт на Културно-умтничкото друштво „Илинден“ од Битола, вечер во големата сала од центарот за култура „Марко Цепенков“ започнува традиционалната манифестација „Прилепско културно лето“
Вечерашниот концерт на КУД „Илинден“ што ќе се одржи од 20.30 часот е насловен „Градски приказни“ , зашто Друштвото сака преку музиката, оставена како културно наследство од нашите претци, да ги разбуди чувствата кај публиката, особено со звуците на македонската чалгија.
До крајот на август, манифестацијата ќе понуди 20-ина културни настани, главно, сценско-музички. Ќе се одржат музички концерти, гостување на „Танец“, концерт на пијано на наши уметници кои живеат во Германија, гостување на Фолклорно друштво од Унгарија и други културни настани кои ќе го привлечат вниманието на публиката.ем/са/