Утрински Весник
Македонија

Состојбата во патниот и железничкиот сообраќај пред собраниската Комисија за транспорт

Состојбата во патниот и железничкиот сообраќај пред собраниската Комисија за транспорт

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија утре ќе расправа за актуелната ситуација во делот на патниот и железничкиот сообраќај.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска за Утрински Весник рече барањето било упатено од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и оти на седницата која ќе биде закажана за 12 часот ќе се дискутира за состојбата во патниот и железничкиот сообраќај. Воздушниот сообраќај нема да биде ставен на дневен ред на утрешното заседание на комисијата.

Според Затуроска, на седницата на Комисијата ќе бидат повикани претставници од Министерството за транспорт и врски, директорите на ЈП Државни патишта и Македонски железници, како и од Секторот за безбедност на патиштата.

Пратениците од опозицијата бараат информации од надлежните по вчерашното излизгување на дел од вагоните на товарен воз во близина на селото Черкезе, кумановско. ев/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“