Утрински Весник
Македонија

„Соседи“ документарен филм за подигнување на свеста за правата на лицата со психо-социјални нарушувања

„Соседи“ документарен филм за подигнување на свеста за правата на лицата со психо-социјални нарушувања

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект „Градење на локален модел за деинституционализација на лица со попречености“ организира премиерна проекција на документарниот филм „Соседи“.

-Во ситуација кога многу држави ја ратификувaa Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, целта на настанот е подигнување на свеста за правата на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост да живеат во заедница, но се уште се соочуваат со маргинализација и социјална исклученост, велат организаторите.

„Соседи“ ја раскажува приказната на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот. Филмот се прикажува во рамките на регионалната програма „DOX FOR CHANGE”.

На настанот ќе присуствува режисерот и авторот на документарниот филм – Томислав Жаја, преставници на Министерстото за труд и социјална политика, невладини организации, социјални установи и лица со попреченост вклучени во процесот на деинстуционализација. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром