Утрински Весник
Македонија

Сообраќен метеж во центарот на Скопје

Сообраќен метеж во центарот на Скопје

Скопје, 7 јуни 2019 (/) – Сообраќаен метеж попладнево го отежнува движењето и на пешаците и на возилата на крстосниците во центарот Скопје во непосредна близина на Собранието.

Од Град Скопје за денеска и утре најавија дека ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на улицата „Димитрија Чуповски“, во центарот на градот.

Поради асфалтирање на улицата „Димитрија Чуповски“, на потегот од крстосницата со булеварот „ВМРО“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ денеска почнувајќи од 7 часот наутро па до 7 часот утре ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар.

Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булевар „ВМРО“ со улицата „Димитрија Чуповски“ и да возат кон булеварот „Партизански одреди“. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.

Исто така, возилата што се движат по улицата „Васил Главинов“ кон крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ ќе можат да одат право кон булеварот „ВМРО“ и лево кон Центар. Вртењето во десно, за нив ќе биде забрането.

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен и вечер во периодот од 18 до 23 часот поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар Северна Македонија – Полска на арената „Тодор Проевски“.

Периодично пренасочвање на сообраќајот ќе има на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски-Борче“. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална