Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, од среда пад на температурите

Сончево и многу топло, од среда пад на температурите

Скопје, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9.

Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата од 18 до 37 степени.

Во првите два дена од претстојната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти УХМР,  в среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на температурата за 7 до 9 степени. хс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран