Утрински Весник
Македонија

Советот на Општина Делчево ја поддржа одлуката за изградба на градска капела

Советот на Општина Делчево ја поддржа одлуката за изградба на градска капела

Делчево, 8 јуни 2019 (/) – Делчевските советници едногласно ја поддржаа oдлуката за изградба на капела во Делчево, за чие кофинансирање Општина Делчево ќе издвои над пет милиони денари.
Како што информираа од Општината, капелата ќе се гради како дел од проектот „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница – капела со ладилник и помошни простории“.
Активностите ќе се реализираат преку проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од  Светска банка, кој е дел од втората компонента грантови за успешност во рамки на Министерството за финансии. Вкупната вредност на проектот е седум милиони денари од кои грантови средства се милион и осумстотини илјади денари, додека пет милиони ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината за 2019 година.
Освен оваа одлука, на последната 24 седница, советниците го усвоија Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за извештајниот период од 1 јануари до 31 март 2019, a едногласно донесоа одлука и за отворање донаторска сметка на Општина Делчево за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“.
Во рамки на седницата беше усвоен и тримесечниот извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие „Брегалница“ – Делчево. Поминаа и одлуки од областа на урбанизмот. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“