• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
понеделник, декември 9, 2019
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник - Utrinski Vesnik
Не се пронајдени резултати
View All Result

Советот на Општина Виница даде согласност за формирање на регионалното претпријатие „Депонија Мечкуевци“

од МИА
03-Дек-2019 15:15
во Македонија
Советот на Општина Виница даде согласност за формирање на регионалното претпријатие „Депонија Мечкуевци“
0
Споделувања
Share on FacebookShare on Twitter

Виница, 3 декември 2019 (МИА) – Советот на Општина Виница даде согласност за формирање на заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад „Депонија Мечкуевци“, чие седиште ќе биде во Свети Николе.

Со донесената одлука, виничката локална самоуправа ќе учествува со 160 илјади денари во вкупниот основачки влог што изнесува три милиони денари, а како еден од основачите ќе има и свој претставник во Управниот одбор на претпријатието.

– Според изготвениот технички план за организација и работа на регионалната депонија, ќе има шест подружници со претоварни станици за отпадот, од кои една во Виница и таа ќе биде за нашата, како и за општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и за претоварните станици во Берово и во Македонска Каменица. Со оглед што поголем број од општините во двата региона ги донесоа одлуките за основање, се надминуваат правните пречки да почне постапката за регистрирање на претпријатието, по што ќе се донесе Статутот и ќе се именуваат органите за управување и надзор. Со тоа, овој дел од државата ќе биде прв во кој на организиран начин ќе се управува со отпадот, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Приоритетна дејност на новото Јавно претпријатие за регионално управување со отпад „Депонија Мечкуевци“ ќе биде отстранување и преработка, односно демонтирање на кршот и обновување на посебно издвоени материјали во безопасен отпад.

Во претпријатието ќе се депонира комуналниот отпад од 18 општини во Источниот и Североисточниот плански регион, кои пропорционално на бројот на жители, од сопствените буџети ќе издвојуваат финансиски средства што заедно со приходите од работењето ќе го обезбедуваат негово функционирање. та/вј/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Здравје
  • Магазин
  • Спорт
  • Сцена
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2019 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: