Утрински Весник
Македонија

Советот на Општина Велес донесе одлука за давање на управување на водоснабдителен систем во село Иванковци на ЈКП „Дервен“

Советот на Општина Велес донесе одлука за давање на управување на водоснабдителен систем во село Иванковци на ЈКП „Дервен“

Велес, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Советот на Општина Велес во рамки на 37. седница ја прифати предлог одлуката за давање на управување на водоснабдителниот систем во велешкото село Иванковци на ЈКП „Дервен“. Досега со водоснабдителниот систем управуваше Заедницата за вода од селото, но без хлоринатор за водата, кој бил надвор од функција.

Ваквата одлука на Советот на Општина Велес следи откако последните испитувања за микробиолошката исправност на водата за март извршени од стручни екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес покажале голем број бактерии и отсуство на хлор во водата од водоснабдителниот систем. Oд ЈЗУ Центар за јавно здравје констатирале дека водата е бактериолошки неисправна, што значи не треба да се користи за пиење, бидејќи претставува опасност по здравјето на населението.

ЈЗУ Центар за јавно здравје претходно извршил и анализа на водата за пиење од водоснабдителниот систем, а резултатите покажале дека испитаниот примерок на сирова нехлорирана вода одговара на законските прописи за физичко-хемиските параметри резидум и пестициди и радиолошка анализа. При тоа од нив била издадена напомена да се врши редовна дезинфекција на водата за таa да може да се користi за пиење.

Како што што се посочува во извештајот на оваа јавна здраствена установа, не придржувањето на нивната препорака за задолжително за хлорирање на водата за пиење, резултирало со тоа водата во водоснабдитениот систем на село Иванковци да стане бактериолошки неисправна за пиење и опасна по здравјето на населението.

Инаку, водоснабдителниот систем на село Иванковци кое е едно од поголемите велешки села, стручните служби на  Општина Велес го проценија на 72.160 евра, а се состои од бунар длабок 70 метри, потисен цевковод, резервоар со зафатнина од 120 метри кубни, хлоринатор кој е надвор од функција и разводна мрежа со околу 220 приклучоци.

Од Општината Велес,наведуваат дека ЈКП „Дервен“ со преземање  на управување на овој водоснабдителен систем ќе има задача правилно да се грижи за него, да го оспособи хлиринаторот кое е во дефект и редовно да ја хлорира водата, за да биде бактериолошки исправна и да може да се употребува за пиење.

Со оваа одлука жителите на село Иванковци ќе добијат стручно третирана и здрава вода за пиење, потенцираат од Општина Велес. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија