Утрински Весник
Македонија

Собранието нема да расправа за законот за културното наследство во Охридскиот регион

Собранието нема да расправа за законот за културното наследство во Охридскиот регион

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Собранието на Република Северна Македонија денеска најверојатно повторно ќе го прескокне Предлог-закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион – прво читање, бидејќи се уште не поминал на матичната Комисија за култура.

За Предлог-законот вчера нешто повеќе од еден час расправаше Комисијата, по што дебатата беше прекината и беше најавено нејзино продолжување.

Продолжение на седницата не е најавено за денеска.

Претседателката на Комисијата, пратеничката од владејачкото мнозинство Ирена Стефоска за Утрински Весник информираше дека денеска нема да има седница и оти дополнително ќе соопшти кога ќе продолжи.

Пратениците од власта и опозицијата имаат спротивставени ставови во врска со овој закон, а темата е особено актуелна по најавите дека Охридскиот регион може да оставен без заштитата од УНЕСКО. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат