Утрински Весник
Магазин

Слеп патник испаднал од авион, телото му е пронајдено во градина

Слеп патник испаднал од авион, телото му е пронајдено во градина

Најроби, 2 јули 2019 (/) – Слеп патник испаднал од авион на компанијата „Кенија ервејз“, а потоа телото му е пронајдено во градина во Лондон. Човекот испаднал непосредно пред слетувањето на аеродромот Хитроу.

Телото е пронајдено завчера, а инспекторите претпоставуваат дека се работи за слеп патник. Во кенискиот авион е пронајдена торба со вода и храна, кои не припаѓале никому.

Во соопштението, полицијата наведува дека телото е испратено на обдукција. Случајот засега не се води како убиство, но можно е човекот да починал пред да падне од авионот.

Компанијата „Кенија ервејз“ соопшти дека авионот нема никакви оштетувања. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следниот Џејмс Бонд ќе има триесеттина години, вели продуцентот

„Колдплеј“ ги одложи концертите во Бразил поради болест на Крис Мартин

(Видео) Рајан Гослинг е најновата муза на „Гучи“