Утрински Весник
Моја Кујна

Сладолед од малини

Сладолед од малини

Малку да се разладиме …

Потребно е:
500 г свежи или замрзнати малини
150 г шеќер (може да користите мед наместо шеќер)
375 мл слатка павлака со помал процент на маснотија (10 до 12%)
1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:
– Свежите или полусмрзнатите малини ставете ги во блендер и измелете ги. Ставете ги во еден сад и додадете го и шеќерот. Мешајте додека да се растопи шеќерот.

– Во сирупот од малини додадете ја павлаката и екстрактот од ванила и по желба додадете една рака цели малини. Убаво измешајте.

– Добиената смеса сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач. Морате на неколку пати да го вадите садот и да го промешувате сладоледот за да не ви се направат кристали.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал