Утрински Весник
Спорт

Сити и официјално се пофали со својот најскап трансфер

Сити и официјално се пофали со својот најскап трансфер

Манчестер, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Манчестер Сити официјално го објави трансферот на Родри од Атлетико Мадрид. Зделката е рекордна за „граѓаните“, кои ја платија клаузулата за ослободување, запишана во договорот на фудбалерот со „јорганџиите“. Сумата изнесува 62,5 милиони фунти (70 милиони евра). Уште вчера шпанскиот клуб потврди дека откупната клаузула била платена.

Договорот на 23-годишниот Шпанец е за пет сезони. Тој практично е второто ново засилување на Пеп Гуариола за ова лето, откако вчера клубот си го врати и Анхелињо.

– Постигнувањата на Манчестер Сити во последните две години се неверојатни и јас со нетрпение очекувам да станам дел од овој талентиран состав. Не станува збор само за трофеите кои тимот ги освои, но и за начинот на кој екипата се води, обидувајќи се да игра офанзивно цело време. Тоа е стил кој ме возбудува. Немам трпение да започнам да работам со Пеп Гвардиола и новите соиграчи. Се надевам дека ќе можеме да постигнеме големи работи заедно, изјави Родри пред сајтот на Манчестер Сити.

Шпанецот ќе игра со бр.16 за неговиот нов тим.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања