Утрински Весник
Македонија

Силно невреме во пехчевскиот регион

Силно невреме во пехчевскиот регион

Пехчево, 16 јуни 2019 (/) – Денес во попладневните часови Пехчево го зафати силмо невреме проследено со врнежи од град на одредени места. Според информации на жители на Пехчево, невремето траело околу половина час, но освен обилната вода во централното градско подрачје, невремето не предизвикало поголеми штети.

-Дождот одеднаш се спушти во градот и беше прилично силно невреме проследено со грмотевици. За среќа траеше кратко и не предизвика поголеми поплави во градот, јавуваат жители на Пехчево.
Освен во пехчевскиот регион жители од неколку беровски села јавуваат за невреме со ситни врнежи од град кои предизвикале штета на компировиот насад. Штетите се забележани во атарот на село Владимирово каде појавата на град била најизразена.
За разлика од малешевските општини Пехчево и Берово, во регионот на Пијанец и општините Делчево и Македонска Каменица, неколку дена владее суво и доста сончево време. Поради дефект на водоводната мрежа на неколку места во делчевско вчера жителите биле без вода за пиење, додека иста е ситуацијата и во нелолку каменички села каде поради оштетеност на водоводната мрежа неколку села биле без вода за пиење во одреден дел од денот. вс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје