Утрински Весник
Спорт

Силва: Загубата на Нејмар не мотивира повеќе

Силва: Загубата на Нејмар не мотивира повеќе

Рио да Жанеиро, 30 јуни 2019 (/) – Дефанзивецот на ПСЖ и Бразил, Тиаго Силва изјави дека загубата на капитенот Нејмар донела дополнителна мотивација во нивниот национален тим.

Во полуфиналето на Копа Америка, „селесао“ ќе спори со Аргентина.

– Против Аргентина секогаш е тешко да се игра. Ќе напаѓаме и ќе се браниме, кога Аргентинците ќе тргнат напред, бидејќи секоја грешка може да не чини победа. Особено кога топката е во нозете на Меси. Се надевам дека ќе ја покажеме својата игра и ќе бидеме наградени за тоа, прокоментира Силва.

Во однос на повредата на Нејмар, неговиот соиграч во ПСЖ вели дека таа дошла како изненадување за сите во тимот, но смета дека Бразил успеал да ја надомести неговата загуба.

– Да, повредата на Нејмар го помрачи нашето претставување во турнирот. Таа сепак ни даде и повеќе мотивација, за да продолжиме со настапот на добро ниво, рече уште дефанзивецот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици