Утрински Весник
Македонија

Се чисти обраснатата вегетација околу локалните патишта во Македонска Каменица

Се чисти обраснатата вегетација околу локалните патишта во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 28 јуни 2019 (/) – Во Македонска Каменица се чисти вегетацијата околу локалните селски патишта. Со актквноста, како што изјавија од Јавното претпријатие „Камена Река”, најпрво е извршено чистење на околупатна обрасната вегетација во село Косевица,

– Со чистење на обраснатата вегетација во село Косевица за прв пат започнавме со употребата на машината „мулчер“ која е набавена за уредување на помалку пристапните зелени површини во градските и селските средини. Задоволни сме од нејзините перформанси и затоа
во наредниот период ќе продолжиме со чистење на останатите локалните асфалтни патишта, велат од ЈП „Камена Река”.

Преку овие активности на Јавното претпријатие „Камена Река”, како што додаваат од општината, ќе продолжи работата за подобрувањето на квалитетот на живот во селските средини.

– Конкретно, со отстранувањето на крупната вегетација покрај локалните патишта значително се подобрува прегледноста и пред се безбедноста во сообраќајот, додаваат од општината.

Мулчерот, во иднина, како што дополнија, ќе се користи на сите комунални површини, зеленило и напуштени подрачја, а ќе се уредува обрасната трева и крупни растителни остатоци.

ЈП Камена Река и општина Македонска Каменица за набавката на градежниот алат „мулчер”, издвоија 315 илјади денари. вс/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална