Утрински Весник
Македонија

Се чистат речни канали во беровско

Се чистат речни канали во беровско

Берово, 27 јуни 2019 (/) – Во Берово се чисти каналот на улицата „23 Август“. Активноста е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, а како што соопштија од општината, целта е заштита на имотите на граѓаните од поплави.

– Општина Берово, во соработка со ЈПКР „Услуга“, во рамките на Активностите на општината, од Одделението за комунални дејности, предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, изврши чистење од наноси на каналот на улицата „23 Август“ во Берово.
Со чистењето на каналот, ќе се оневозможи поплавување на улицата при поројни дождови, со тоа ќе се заштитат и семејните имоти на луѓето кои живеат во оваа околина, велат од општина Берово.
Акцијата, како што додаваат, ќе продолжи и во наредниот период се до конечно расчистување на каналот од наноси.
Во насока на заштита на населението од евентуални поплави во општина Берово претходно се чистеше месноста Ормански поток од мостот кај Полотекс до спојот со Којова Ливада. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“