Утрински Весник
Македонија

Се чистат депониите во Аеродром

Се чистат депониите во Аеродром

Скопје, 1 јули 2019 (/) – Со зголемен интензитет се чистат депониите на повеќе локации низ Општина Аеродром. Моментално екипите работат на расчистување на мини депонијата во близина на бул. „Февруарски поход“. Од Општината информираат дека во наредниот период вакви акции ќе бидат преземени околу паркот „Бановина“, покрај Усјански канал, во близина на Воениот базен и во Мичурин околу Железничката станица.

– Со тоа ја продолжуваме кампањата „Аеродром нека блеска! Чиста околина за секого!“ Со реорганизирана комунална служба, со дополнителна механизација и со зголемен број сезонски работници обезбедуваме почисти јавни површини на целата територија на Општината, соопшти општинската прес-служба.са/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии