Утрински Весник
Македонија

Се урива „Одделението за школарци“ во Идризово, ќе се пренамени во шеталиште

Се урива „Одделението за школарци“ во Идризово, ќе се пренамени во шеталиште

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Популарно нареченото ,,Одделение за школарци” се урива, а по завршување на уривањето и расчистувањето на теренот од градежниот шут ќе се започне со оплеменување на просторот и негова пренамена во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во Идризово.

Како што соопшти Управата за извршување на санкциите акцијата за уривање на најруинираниот објект на стариот дел на Казнено-поправниот дом Идризово почнала на 28 јуни.

Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се уриваат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули минатата година 2018 година, а се наменети за осудените лица кои се со полуотворен или отворен третман во процесот на ресоцијализација.

-Со наведената активност се решава уште еден проблем од мнозинството проблеми наследени од периодот пред 2017 година и им се овозможува на осудените лица во КПД Идризово казната затвор да ја издржуваат во похумани услови и простор кој е изграден во согласност со европските стандарди, се наведува во соопштението на Управата. ац/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом