Утрински Весник
Македонија

Се уредуваат детските и спортските игралишта во Делчево

Се уредуваат детските и спортските игралишта во Делчево

Делчево, 18 јуни 2019 (/) – Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“  деновиве интензивно работи на санирање и уредување на детските игралишта во Делчево. Со првата активност, како што информираат од претпријатието е опфатено игралиштето во населбата Милково Брдо.
-Поради оштетување деновиве се поставува нова заштитна ограда на ова игралиште, се поправаат реквизитите на игралиштето, а истото се обојува со заштитна боја. На ова игралиште планирано е и санирање на веќе постоечките клупи во летниковецот, информираат од претпријатието.
Додаваат, дека активностите за уредување на детските, но и спортските игралишта во Делчево ќе продолжат и во наредниот период.
Во таа смисла, ЈПКД „Брегалница“ и Општина Делчево апелираат да не се уништува урбаната опрема и да се има поголема свест кон зачувување на општите добра. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“