Утрински Весник
Македонија

Се уништуваат канти за отпадоци во Берово

Се уништуваат канти за отпадоци во Берово

Берово, 17 јуни 2019 (/) – Вандали изминатиот викенд дивееле и ја уништиле урбаната опрема на улицата „Даме Груев” во Берово, соопшти денеска Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“.
Вандализмот го пријавиле до надлежните органи.
 
-Кантичките за ситен отпад кои неодамна беа поставени на „Даме Груев” во Берово, изминатиот викенд беа мета на вандали, кои дивееле и ги уништиле. Срамно е што граѓаните кои го сториле вандалскиот чин, немаат чувство за чување на урбаната опрема и за одржување на животната околина. Живеат тука, а се однесуваат како воопшто да не им е грижа во каква околина живеат и за грдата слика која се остава за градот, велат од претпријатието.
Додаваат дека примерите за вакво однесување во Берово се забележуваат речиси секојдневно, а најголемиот дел од проблемот лежи во отсуството на одговорност кај граѓаните.
Со цел подобрување на јавната чистота во Берово, „Услуга“ и Општината упатија апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно кон поставената урбана опрема, додека сите оние кои ќе забележат вандалско однесување, да го пријават до надлежните органи. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“