Утрински Весник
Македонија

Се тампонираат полските патишта во општина Струмица

Се тампонираат полските патишта во општина Струмица

Струмица, 2 јули 2019 (/) – Во општина Струмица се тампонираат полските патишта во населените места и се подобрува пристапот до обработливите земјоделски површини. Тампонирањето почна во селото Дабиле, а продолжи во атарите на населените места Просениково и Добрејци.

– Изминатите денови се тампонираа и полските патишта во атарот на селото Муртино. Таму се работеше од асфалтниот пат Сачево-Муртино кон местото „Чешма Шинка“ во должина од 800 метри и од мостот на реката до населеното место Сачево во должина од 1.500 метри, информира општина Струмица.

Во текот на оваа година, во Муртино ќе бидат асфалтирани и три улици во должина од околу 220 метри. рт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза